Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за премиерниот настап во Б дивизијата од Лигата на нации. Репрезентативците четири дена се подготвуваат во Скопје, за предизвиците што не очекуваат во овој прозорец и четирите натпревари во само десет дена.
А, почнуваме против Швајцарија меч кој е закажан за во сабота на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Селекторот Седлоски на овие мечеви нема да може да смета на Бобан Николов кој се повредил на еден од последните тренинзи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
