Без голови по првото полувреме на дуелите во Струмица и во Струга

Без голови по првото полувреме на двата натпревари кои се играат денеска во Струмица и во Струга од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На мечот во Струга, без многу возбудувања Струга ТЛ и Силекс играат без постигнат погодок.

Шкендија, пак, е далеку подобар противник од Беласица на гостувањето во Струмица но тетовци не успеаја да го отворат резултатот.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (прво полувреме)

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0-0

Струга: СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 0-0

УТРЕ (16 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...