Биелса воодушевен од Алиоски: Не сум видел фудбалер со поголема страст на терен

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски се најде во центарот на вниманието на англиската јавност по дуелот меѓу Лидс и Арсенал, откако изнуди со елементи на добро актерство исклучување за фудбалерот на „топчиите“, Николас Пепе.

Најскапиот фудбалер во историјата на „топчиите“ се впушти во судир со Алиоски удирајќи го со глава во „стилот на Зидан“, па заработи директен црвен картон. Незадоволните фудбалери на Арсенал и по крајот на натпреварот се обидоа да се објаснуваат со Алиоски, но сето тоа мина без посериозни инциденти.

Околу целата ситуација со свој коментар се огласи и менаџерот на Лидс, Марсело Биелса, кој застанувајќи на страната на Алиоски нагласи дека не видел досега фудбалер со поголем ентузијазам на терен од македонскиот репрезентативец.

„Тоа е дел од фудбалската игра и нема што многу да се коментира посебно кога е очигледно дека еден фудбалер удира противнички. Може да кажам, како и многу пати претходно, дека Алиоски е фудбалер со огромен ентузијазам и страст на теренот секогаш оставајќи го најдоброто од себе, максимално корисен за екипата“ – вели Биелса.

Се вчитува...