Биелса зачудувачки го остави Алиоски на клупата: Лидс доби лекција од Лестер (ВИДЕО)

Лидс го доживеа и третиот пораз сезонава во Премиерлигата, овој пат во седмото коло на домашен терен од Лестер со убедливи 1-4.

„Лисиците“ беа далеку подобар тим на теренот, најавувајќи ја победата со два гола уште во првите 20 минути од средбата. Во 2. минута погоди Барнс за 0-1, а во 20. минута Тилеманс ја дуплираше предноста на гостите.


Во второто полувреме Далас во 48. минута донесе малку надеж за составот на Марсело Биелса, но сето тоа залудно откако Варди во 76. минута погоди за 1-3, а Тилеманс со својот втор гол, овој пат од пенал, во 91. минута ги постави конечните 1-4.


Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски, по одличното издание во претходниот натпревар против Астон Вила, зачудувачки не го стартуваше натпреварот добивајќи шанса само во последните десет минути на натпреварот кога веќе се беше решено.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...