Славен Билиќ и официјално се враќа на клупата на хрватската репрезентација, откако Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) го потврди неговото назначување за нов селектор.
Искусниот стратег ќе потпише двегодишен договор, преземајќи ја функцијата од досегашниот предводник Златко Далиќ. Според информациите од хрватските медиуми, Билиќ се согласил на двојно помала плата од онаа на неговиот претходник.
Во неговиот стручен штаб се очекува да соработува со проверените имиња Данило Буторовиќ, Деан Рачуница и Ватрослав Михачиќ. Како дополнителни можни соработници во репрезентативниот тим се споменуваат и поранешните истакнати кадри Ведран Чорлука и Никола Јурчевиќ.
„Имам голема верба во играчите со кои располагаме. Моја задача е да донесам енергија, амбиција и одлучност за Хрватска да остане дел од фудбалската елита. Исклучително се радувам на овој предизвик за кој се чувствувам целосно подготвен – како позрел и поискусен тренер отколку во 2006 година, но со еднаков мотив и желба Хрватска да биде моќна, храбра и успешна. Мојот втор чекор е да разговарам со играчите, пред се со Лука Модриќ. Одлуката дали ќе продолжи да игра е само негова. Колку што тој му значи на фудбалот, исто толку и значи и на репрезентацијата. Тој за Хрватска е многу повеќе од само најдобар играч. Го прашуваат дали си заминува уште од 2018 година и не знам зошто е тоа така. Јас лично исклучително би сакал тој да остане и да продолжи да настапува, но послешниот збор го има тој“, изјави Билиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
