Бисерка Петровиќ: Новак толку ме потсеќа на мојот Дражен што веднаш би си го понела дома

Посебен момент на конференцијата за медиуми пред почетокот на „Адрија тур“ во Задар беше запознавањето на Бисерка Петровиќ и Новак Ѓоковиќ.  Мајката на кошаркарскиот Моцарт вели дека првиот рекет на светот толку ја потсетува на нејзиниот син, што веднаш би си го понела дома.

„Ги ценам големите спортисти кои исто така се големи и како луѓе. Медалот секогаш има две страни. Има врвни спортисти кои што потфрлуваат како луѓе. Верувајте ми, мене Новак ми изгледа како да е дојден од мојот дом. Односот на Новак кон спортот многу ме потсетува на мојот Дражен. Искрено, веднаш би го понела дома“, изјави Бисерка. 

По прес-конференцијата на големо задоволство на двете страни новите пријатели си разменија подароци. Бисерка на Новак му подари дрес од Дражен Петровиќ, додека тој и возврати со свој рекет.

Се вчитува...