По две години, Битола повторно ќе живее со прволигашки фудбал. Пелистер во 1. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига денеска од 17:30 часот под „Тумбе кафе“ против Академија Пандев го означување враќањето во елитата. Со основен мотив стабилен прволигашки статус како мост за постепено вистинско квалитативно градење на екипата.
„Имавме големи промени во играчкиот кадар ова лето, па токму во таа насока ги насочивме нашите активности кон комплетно воигрување на тимот. Подготвени го чекаме стартот на сезоната верувајќи дека ќе одиграме квалитетен натпревар уште на стартот од сезоната против силниот состав на Академија Пандев“ – вели шефот на стручниот штаб на Пелистер, Зоран Штерјовски.
Подготвувајќи се, пак, за настапот и во квалификациите за Лигата на Европа, Ренова на домашен терен го пречекува тимот на Струга Трим Лум.
Бујар Ислами е задоволен од текот на подготовките на „гипсарите“. Шефот на стручниот штаб на Ренова верува дека неговиот тим ќе одигра квалитетен дуел со стружани, кои минаа низ одлични подготовки, посакувајќи бодовите да останат во Тетово.
Од друга страна, во таборот на Струга ТЛ со максимален респект кон противникот пристапуваат кон натпреварот, но знаат дека може рамноправно да парираат на Ренова.
„Ренова е искусен тим составен од фудбалери со долгогодишен стаж во Првата лига. Годинава ќе играат и во Европа, што доволно говори за нивниот квалитет. Ние ќе го респектираме секого, но создаваме екипа која што ќе може да се носи со секој ривал во Првата лига“ – вели стратегот на Струга ТЛ, Срѓан Захариевски.
ПМФЛ – 1. КОЛО (денеска, 17:30 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Скопје: МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – РАБОТНИЧКИ
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС
Битола: ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – БОРЕЦ 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА