Битолскиот „брз воз“ го прегази и ФМП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пелистер го продолжи импресивниот старт на сезоната ссо нова убедлива победа, овојпат на гостински терен против ФМП изразена со конечни 67-95.

За првпат сезонава избраниците на Марјан Илиевски не постигнаа сто поени на еден меч, но она што го покажаа во Кисела Вода беше импресивно, доминираа и во нападот и во одбраната и во ниту еден момент не дозволија триумфот да им биде доведен во прашање. ФМП воопшто не е наивен ривал, станува збор за екипа што влезе во денешниот дуел со максимален ефект на домашен терен, но избраниците на Петровиќ вечерва беа приморани на капитулација пред поквалитетниот противник.

Вистинските предизвици за битолчани допрва следат, но импресивниот почеток и искачувањето на првото место на табелата ќе биде само мотив плус за тренерот Илиевски и неговите кошаркари да продолжат во ист ритам и во претстојниот период.

Се вчитува...