Фудбалерите на Вележ на бизарен начин загубија на гостувањето од Дунајска стреда во второто квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.
Тимот од БиХ загуби со 1-0 на првиот натпревар, и тоа откако во 59. минута се случи бизарна ситуација која го реши овој дуел.
Имено, при изведување гол-аут, Рибиќ му ја додаде топката на Омеровиќ, кој се збуни и ја фати со рака мислејќи дека тој треба да го изведе гол-аутот. Судијата покажа на белата точка. Гагуа ја презеде одговорноста и постигна гол за победа…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
