Бизарна повреда: Таткото на Новак Ѓоковиќ итно примен во болница

Таткото на Новак Ѓоковиќ денеска бил итно примен во Ургентниот Центар на белградската клиника по бизарната повреда што ја заработил во својот дом.

Српските медиуми информираат дека станува збор за скршеница на надлактицата поради која Срѓан Ѓоковиќ бил итно опериран, а по новите детални прегледи ќе биде утврдено дали тој ќе мора да остане во болницата или ќе биде пуштен на домашно лекување.

Повредата била бизарна, Срѓан Ѓоковиќ ги хранел птиците во својот дом, кога неочекувано паднал од столицата на која седел во моментов. Веднаш станало јасно дека проблемот е сериозен и Ѓоковиќ сениор бил итно пренесен во клиниката, од каде информираат дека проблемот е саниран.

Повредата се случува додека и Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Белград, откако најдобриот светски тенисер реши да не настапува во Мадрид и во родниот град да се подготвува за предизвиците и претстојниот настап на Ролан Гарос.

Се вчитува...