Бизарна ситуација на СП во пливање: Ги променија патеките, а никој не одговараше за превидот (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случи во полуфиналето на 100 метри грбно на Светското првенство во пливање во Доха. Американецот Хантер Армстронг и Гркот Евангелос Макрианис ги сменија патеките по грешка, ни повеќе, туку во полуфиналето на планетарниот шампионат.

Армстронг, кој требаше да биде во патеката пет, излезе на четвртата патека. Збунетиот Макрианис се кога виде дека противникот е во неговата патека, премина во четвртата. Никој од судиите не забележа ништо, како да е пионерско натпреварување, а не светско првенство.

Трката започна, а графиката нормално ги следеше пливачите по патеките во кои беа пријавени. Така, цело време за Армстронг беше Макрианис и обратно. На крајот победи Американецот, а сите на базенот мислеа дека тоа е Гркот. Армстронг беше во крупен план потпишан како Макрианис.

Грешката беше поправена по неколку минути и никој не одговараше за грубиот превид. Ниту натпреварувачите, ниту судиите.

Се вчитува...