Само еден натпревар се одигра синоќа во рамките од Бизнис-лигата, и беше одбележан со одлична игра во одбраната на тимот на Рамстор.
Во жестока борба Рамстор поуспешен од Матрикс
Матрикс 0-2(0-1) Рамстор
Рамстор: Јахија Кадир 8’ Ведат Арслан 39’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Рамстор, со жестока борба по целиот терен. Почетните минути од натпреварот одминаа со игра на средината на теренот кога и двете екипи тактизирајќи ги одмеруваа силите. Како одминуваше полувремето започнаа со поофанзивна игра, екипата на Рамстор во 8та минута успеа да реализира за водство од 1-0. Матрикс по оваа негатива со сите сили тргна кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, тие успеаа да создадат неколку шанси за израмнување но имаа слаба реализација. До крајот на полувремето екипата на Рамстор умешно го чуваше водството стекнато уште од почетокот, па на полувреме се замина со 0-1. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра, се редеа шанси за гол и на двете страни. Екипата на Матрикс фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива по израмнување но екипата на Рамстор одлично ја имаше поставено играта во одбраната и успеа да одолее на притисокот на матрикс и во 39та минута да стави точка на натрпеварот за победа од 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА