БК Чаир е нов шампион на Македонија, Шкендија најдобра во младинска конкуренција

БК Чаир е новиот шампион на Македонија во бокс, откако по последното, 6.коло, во Првата сениорска лига и дефинитивно го задржа првото место со освоени 65 бода.

По завршувањето на натпреварите од прволигашката конкуренција, второто место го освои БК Пелистер 2007 со 48 бода, пред БК Универзалци од Скопје со 42 бода.

Во младинска конкуренција  БК Шкендија Но Лимит е шампион на Македонија со убедлива предност во однос на конкуренцијата. Клубот од Тетово освои 83 бода, на второто место заврши БК АС од Прилеп со 50 бодови, на третото место оваа сезона се пласираа младите боксери на Борец од Велес со 39 бода.

По завршувањето на екипното првенство, на 19. и 20. октомври ќе се одржи и поединечното првенство на Македонија во бокс.

Се вчитува...