Блатер открива: „Златната топка“ беше за Меси, но тогаш се јави Флорентино…

Сеп Блатер повторно се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност, откако во интервју за БиБиСи говореше за изборот за најдобар светски фудбалер во 2013 година. Поранешниот претседател на ФИФА се потсети на тој избор, во кој за голем фаворит важеше Лионел Меси, но на крајот „Златната топка“ заврши во рацете на Кристијано Роналдо.

„Меси беше фаворит на јавноста, меѓу другото и мој личен фаворит. Сите очекуваа тој да ја освои „Златната топка“, а јас во една изјава прокоментирав дека го очекувам истото. Тогаш ми с ејави Флорентино Перез и ми порача да ги повлечам изјавите, дека не смеам да зборувам такви работи бидејќи сум почесен член на Реал Мадрид. Му одговорив дека сите имаме право на свое мислење и тоа е работа на личен вкус. Накратко потоа, „Златната топка“ заврши во рацете на Роналдо“ – изјави Блатер.

Поранешниот прв човек на ФИФА беше исфрлен од светот на фудбалот откако е докажано дека примал мито за Катар да ја добие организацијата на СП 2022.

Се вчитува...