Ракометарите на ГРК Охрид се први финалисти во Купот на Македонија откако денеска на Ф4 турнирот кој се игра во салата „Парк“ во Струмица го декласираа Е. Пелистер со убедливи 26-19.
По мечот голманот на охриѓани Бојан Блажески изјави дека тој и неговите соиграчи денеска го одиграле најдобриот натпревар сезонава.
„Честитки до Пелистер на фер и коректната игра, честитки и до моите соиграчи. Денеска го одигравме еден од најдобрите натпревари оваа сезона, мислам дека одбраната беше клучна за денешната победа. Пилиповиќ беше одличен, нападот функционираше перфектно, но верувам дека можеме да бидеме и уште подобри во тој дел. Чекаме да видиме со кого ќе играме во финалето, меѓутоа секако ова за нас секако е веќе историја“, изјави Блажески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

