Блажевска-Еминова 29. на светот на 50 метри грбно

Најдобрата македонска пливачка Миа Блажевска Еминова го освои 29 место од вкупно 39 натпреварувачки на трката на 50 метри грбно на Светското првенство во пливање кое се одржува во главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Блажевска Еминова во својот втор настап на шампионатот, делницата од 50 метри грбно ја помина за време од 30.61 секунди, што беше за седум стоти делови од секундата послабо од нејзиното пријавено време.

Во својот прв настап на шампионатот Блажевска Еминова на трката на 100 метри грбно го освои 30. место со нов национален рекорд 1:04.11 минути.

Се вчитува...