Блесна на Светското првенство во Катар па сега го чека трансфер од сништата

Рендал Коло Муани имаше одличен настап на Светското првенство во Катар каде на три настапи за француската репрезентација успеа да постигне гол во полуфиналето и да асистира во големото финале. А, одличниот настап на 24-годишникот наскоро може да му донесе и трансфер од сништата.

Имено, интерес за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт покажа Милан кој во него гледа идеална замена за Оливие Жиру и желбата на „росонерите“ е да тргнат по неговиот потпис уште во јануарскиот преоден рок.

Сепак тоа ќе биде речиси невозможна мисија со оглед на тоа што германскиот тим нема намера да го пушти играчот сред сезона и трансфер би се случил во летото кога Милан ќе издвои 35 милиони евра.

Се вчитува...