Блесок на девојките до 19 години: Пласман во елитната Лига А!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалерки до 19 години запиша голем успех во пласман во елитната Лига А од Лигата на нациите.

И во третиот свој натпревар во групата од Лигата Б, македонските девојки запишаа и трета победа, овој пат над Велс од 2-1 со која се пласираа ранг повеќе во европското натпреварување.

Избраничките на Астрит Мерко славеа со головите на Катерина Петкова и Веса Села, сосема заслужено доаѓајќи до победата над Велшанките.

Претходно Македонките славеа и против Молдавија (4-0) и против Литванија (2-0) па со максимални 9 бода и гол разлика од 8-1, се пласираа во Лига А.

Македонија до 19 години: 1. K. Павловска, 6. Ѓоргиева, 4. Петкова, 3. Блажевска (76` Веселинова), 15. J. Павловска, 10. Панеска (76` Андонова), 19. Мејер, 7. Јованоска, 9. Села, 8. Јосифова (90` Боризова), 13. Милевска (46` Далческа); Селектор: Астрит Мерко.

Се вчитува...