Првата лига во кошарка во сезоната 2019/2020 ќе брои 11 клубови, откако идејата на претседателот Антиќ и неговите најблиски соработници за бараж-меч за пополнување со 12. тим не беше одобрена од страна на Управниот Одбор. Предлогот беше доставен како последна шанса за Шкупи, тимот со сите порази минатата сезона и два неодиграни натпревари, да може и во новата сезона да го задржи прволигашкиот статус, доколку победи во дуелот со КК Ангели, како најдобар второлигаш (не земајќи ги во предвид оние кои веќе влегоа во Првата лига).
Сепак, предлогот што официјално беше доставен до Управниот Одбор од страна на Комесарот за натпреварување експресно бил одбиен, пред се од кошаркарските луѓе во УО кои се свесни за бесмисленоста на овој преседан. По ова, претседателот Перо Антиќ дал предлог наместо КК Ангели да го доби местото на Блокотехна (за што КФСМ испрати и официјална покана до овој второлигаш), елитното друштво да брои 11 клубови.
Во текот на оваа седмица би требало да биде извршено и извлекувањето на двојките за првото коло и утврдувањето на целокупниот календар на натпреварување.
По ваквиот развој на настаните, во Првата лига во новата сезона ќе се натпреваруваат: МЗТ Скопје, Работнички, Куманово, Гостивар, Охрид, Кожув, Пелистер, Фени индустри, Вардар, ФМП и МЗТ Скопје 2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА