Бобан дециден: Клубовите од Саудиска Арабија во ЛШ, тоа се чисти глупости…

Огромниот скок на фудбалот во Саудиска Арабија придонес да се појават шпекулации дека клубовите од оваа земја во блиска иднина би можеле да заиграат и во Европа, и тоа како дел од Лигата на Шампионите.

Италијанските медиуми пишуваа дека тоа може да се случи веќе на почетокот од сезоната 2024/25, но денеска стигна демант на таквите пишувања од страна на Звонимир Бобан, еден од најблиските соработници на Александар Чеферин во УЕФА.

„Клубови од Саудиска Арабија во Лигата на Шампионите на УЕФА… тоа е луда измислица од весник што се претставува како сериозен во Италија. Сериозни новинари и медиуми гласно прашуваат дали нешто е вистина или не, не трескаат вакви глупости. Во Лигата на Шампионите, како и во сите останати натпреварувања на УЕФА, ќе играат само европски клубови, тоа претседателот Чеферин го има нагласено сто пати, еве јас денеска уште еднаш ќе го повторам“, изјави Бобан.

Се вчитува...