Бобан Илиоски поразен во полуфиналето на Европското првенство во маитаи

Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски загуби во полуфиналето на Европското првенство во маитаи кои се одржува во Анталија, Турција.

Илиоски во неизвесна борба во полуфиналето во категоријата до 86 килограми загуби со 28-29 од Јахија Ибрагимов, кој во Анталија се натпреварува како неутрален кикбоксер, под знамето на заедничката селекција на Русија и Белорусија.

Илиоски во четвртфиналната фаза претходно со 29-28 го совлада Турчинот Омер Фарук Каја.

Се вчитува...