Бобан Марјановиќ приреди неверојатно шоу во Далас – Запеа хит од Шабан Шаулиќ (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ важи за еден од најголемите шоумени во НБА лигата. 224 цениметри високиот кошаркар на Далас Маверикс синоќа пред натпреварот со Сакраменто Кингс, одлучи малку да ја загрее атмосферата во „Американ Ерлајнс“ центарот.

Го зема микрофонот и заедно со големиот број српски фанови кои дојдоа да го гледаат натпреварот заедно отпеаа голем хит на Шабан Шаулиќ. Далас го доби натпреварот со 130-111, а Марјановиќ натпреварот го заврши со 3 поени.

 

Се вчитува...