Бобан Марјановиќ се враќа кај Дончиќ

Поранешниот српски репрезентативец Бобан Марјановиќ ова лето, по завршувањето на сезоната во Словенија, замина за Филипините, каде што настапува за тимот на СГА на традиционалниот тајвански турнир.

Марјановиќ пристигна во Илирија  во декември како големо засилување и во текот на сезоната покажа дека, иако е на прагот на 38-та година, се уште може да биде значаен фактор на теренот. Во АБА-лигата, тој имаше просек од 13,9 поени и 8,6 скока.

По завршувањето на соработката со словенечкиот клуб, постои можност високиот Србин повторно да се врати во Љубљана, а за оваа опција зборуваше и спортскиот директор на Илирија, Саша Дончиќ.

„Како што знаете, тој игра на Филипините. Со Боби се разделивме во одлични односи. Пред се, не ја затворивме вратата. Да почекаме и да видиме како ќе се одвива сезоната. И за него, и за нас“, рече Дончиќ.

Се вчитува...