Бобан мора да му плати на Милан еден и пол милион евра

Поранешниот спортски директор на Милан, Ѕвонимир Бобан ќе мора на клубот да му исплати еден и пол милион евра, пресуди судот во Милано.

Поранешниот хрватски фудбалер и седумкратниот европски шампион се најдоа на суд откако Бобан во март 2020 година доби отказ. Тој тогаш побара 5.375 милиони евра, а судот во декември пресуди во негова корист.

Сепак, Милан поднесе жалба на таа одлука која делумно беше прифатена и му наложи на Бобан да му врати на клубот околу еден и пол милиони евра.

Се вчитува...