Богдановиќ: Не се опаметивме по поразот од Шпанија

Најдобриот кошаркарски репрезентативец на Светското првенство во Кина, Богдан Богдановиќ е видно разочаран по поразот од Аргентина во четвртфиналето (97-87).

„Не се опаметивме по поразот од Шпанија. Тие покажаа дека се тим, а кошарката е тимски спорт. На крајот победува тимот, а не поединецот. Радо би ги менувал моите 21 поен за победа во мечот. На крајот ние сме професионалци. Го правиме тоа што не исполнува. Јас ја сакам кошарката и сакам да играм за Србија“, изјави Богдановиќ.

Србија ќе разигрува за пласман од петтата до осмата позиција на шампионатот во Кина.

Се вчитува...