Богдановиќ раскина со ЛА клиперс

Богдан Богдановиќ од доцна синоќа е слободен играч на кошаркарскиот пазар откако капитенот на српската репрезентација не доби продолжување на договорот со ЛА клиперс.

Клубот имаше можност да ја активира клаузулата за продолжување на договорот за уште една сезона, за плата од 16 милиони долари, но раководството на ЛА клиперс вечерва објави дека се раскинува договорот со Богдановиќ, како и оној со францускиот ветеран Николас Батум.

Српскиот поентер сега е достапен на пазарот на слободни играчи во НБА-лигата, па останува да се види дали Богдановиќ ќе добие понуда каква што посакува, особено откако неговото име беше поврзувано со трансфер во Денвер нагетс кај репрезентативниот колега Никола Јокиќ.

Доколку не добие понуда каква што очекува во НБА, Богдановиќ со раширени раце ќе го чекаат во Европа, каде Панатинаикос и Партизан веќе подготвија богати понуди за да го доведат во своите редови.

Се вчитува...