Повремениот македонски репрезенаттивец Бојан Илиевски e пред официјална промоција во дресот на албанскиот суперлигаш Тирана.
По завршувањето на соработката со Струга ТЛ, Илиевски имаше можност за продолжување на кариерата во Хрватска, но според последните информации од Албанија, тој е веќе договорен со Тирана.
Илиевски претходно во својата кариера настапуваше за Пелистер, Макеонија ЃП и Работнички, а за репрезентацијата на Македонија одигра досега десет мечеви.
Сега оди во Тирана каде во стручниот штаб е поранешниот тренер на Работнички, Бојан Марковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
