Повремениот македонски репрезентативец Бојан Илиевски е пред промоција во хрватскиот суперлигаш Истра.
Тоа што беше најавено пред извесен период сега пред реализација откако 26-годишниот десен бек и официјално ја заврши соработката со досегашниот негов клуб, Струга ТЛ.
Илиевски досега во својата кариера има играно за Пелистер, Работнички, Македонија ЃП и Пелистер, а сега првпат треба да се соочи и со интернационален предизвик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
