Поранешниот стопер Бојан Марковски, ќе му биде асистент на Чеде Јаневски во екипата на АЕЛ Лимасол. Марковски долго време е на Кипар каде што играше, а по завршувањето на кариерата во 2020 година се зафати со тренерскиот занает, и беше помошник и прв тренер на Етникос. Сега ќе работи со Чеде Јаневски во стручниот штаб на АЕЛ, кој денеска ја презема екипата.
Марковски од 2009 година е на Кипар, со исклучок на една година кога мина во Работнички. Настапуваше за Енозис, Аполон Лимасол, Аја Напа, Отелос и Етникос Ахна.
Покрај Марковски, во стручниот штаб на Јаневски ќе бидат Мариос Захариу, Харис Фалас, Мариос Ставринидис и Денис Петров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА