Поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Работнички, Бојан Марковски е именуван за прв асистент на новиот шеф на стручниот штаб на албанскиот суперлигаш Тирана, Деан Клафуриќ.
Марковски по кратка пауза од тренерската работа повторно се враќа со ангажман, овој како член на стручниот штаб на Тирана и прв соработник на Клафуриќ со кого и претходно соработуваше.
Досега во кариерата, Бојан Марковски беше дел од стручните штабови на кипарските Етникос Ахна и АЕЛ Лимасол а го водеше и тимот на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
