Бока јуниорс го освои „Монументал“ во лудо „Суперкласико“

Бока јуниорс и натаму има максимален ефект во аргентинскиот шампионат, но вечерва ја забележа највредната победа, славејќи на „Монументал“ со 1-2 против најголемиот ривал Ривер Плата. Во неверојатно „Суперкласико“, со огромен набој како и секогаш, со по еден црвен картон на двете страни и многу шанси, беа постигнати три гола.

Ровер Плата остана со играч помалку во 32.минута поради исклучувањето на Игнасио Фернандез, а Едвин Кардона во 42.минута од слободен удар донесе водство за Бока јуниорс.

Во вториот дел, токму Кардона заработи црвен картон за гостите, а Понзио со феноменален шут од 30 метри го израмни резултатот во 69.минута. Но, само четири минути подоцна, Нахитан Нандез зафати волеј удар и повторно донесе предност за Бока јуниорс, која овојпат беше клучна и за да се освојат трите бода во „Суперкласико“.

Се вчитува...