Бокс сптектакл во Тексас: Јутјуберот Џек Пол го победи Нејт Дијас (ВИДЕО)

Јутјуб ѕвездата Џејк Пол го победи Нејт Дијас во нивниот долгоочекуван боксерски меч кој беше организиран во Далас. Пол славеше по едногласната одлука на судиите, борбата траеше 10 рунди, а во петтата Пол го фрли Дијас на подот.

За Дијас ова беше прва борба откако го напушти УФЦ и во оваа борба пред публиката во Тексас се покажа како незгоден противник.

Моменталниот скор на Пол е 7-1, и вниманието е насочено кон следните борби. Инаку Дијас му понуди 10 милиони долари за борба по ММА правила, а сега веројатно ќе се бори против Томи Фјури, братот на далеку познатиот Тајсон.

Се вчитува...