Боксерите без ниту една победа на Европските игри во Краков

Македонските боксери завршија со настапот на Европските игри во Полска без ниту една победа.

Последен во рингот настапи Арјан Исени кој загуби од Михаил Цамалидис од Грција. Исени, во категоријата до 80 килограми, загуби со едногласна одлука на судиите со 0-5.

Претходно, како што е познато, во категоријата до 57 килограми, Ален Рустемовски загуби од Ибрахим Махмуд од Шведска, додека Илхан Озмен загуби од Италијанецот Џанлуиџи Малања.

Се вчитува...