Боксерите ќе добијат селектор од Куба или од Русија?

Боксерската репрезентација на Македонија наскоро ќе добие селектор – странец, и тоа стручњак од Куба или од Русија. Ова е идеја на претседателот на Боксерската Федерација на Македонија, Примислав Димовски, кој планира на ваков начин да поне да го развива и тренерскиот кадар во овој спорт.

„Тренерскиот кадар ни е најслабата алка, затоа ќе побараме селектор од пријателските земји како Куба или Русија, кој вооедно ќе ги обучува и нашите тренери, оти без стручен кадар не може да бараме квалитетни боксери кои ќе прават резултати“ – истакна Примислав Димовски на Собранието на БФМ.

Досегашниот селектор Петар Чурлиновски останува во репрезентацијата како тренер. Во наредниот период ќе биде одржан семинар за тренери секунданти кои ќе добијат лиценца за водење/секундирање на мечеви, а истовременоќе се креира и датабазата на тренерскиот кадар во Федерацијата.

Се вчитува...