Боксерскиот шампион Усик потпиша договор со фудбалски клуб

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Олександр Усик, потпиша едногодишен договор со украинскиот фудбалски клуб Полисија.

Усик кој е светски првак во верзиите на ВБО, ВБА и ИБФ, минатата година играше за Полисја на пријателски натпревар кога влезе од клупата, а сега потпиша договор за соработка.

Од клубот изјавија дека деталите за тоа што подразбира фудбалската соработка ќе бидат објавени наскоро. Усик на 26. август ќе ја брани титулата против британскиот предизвикувач Даниел Дубоа во Полска.

Тоа ќе биде прва борба на украинскиот боксер откако во август минатата година во Саудиска Арабија го победи Британецот Ентони Џошуа.

Се вчитува...