„Болница“ во Дортмунд пред дербито со Шалке

Во сабота во 18:30 часот во Гелзенкирхен се игра големото рурско дерби помеѓу Шалке и Борусија Дортмунд. Нивните дуели секогаш предизвикуваат големо внимание, без разлика што Шалке се бори за опстанок, а „милионерите“ за титулата.

Гостувањето во Лондон пред неколку дена, скапо го плати тимот на Борусија, кој не само што го загуби мечот и беше елиминиран од Лигата на шампионите, туку загуби и двајца клучни играчи.

Јулијан Бранд се повреди на самиот старт, и тој ќе го пропушти овој дуел. После мечот со Лондон, на повреда се пожалил и капитенот Марко Ројс, и голема е веројатно и тој да не игра во сабота. Исто така неизвесен поради повреда е и првиот голман Грегор Кобел, кој ги пропушти последните два меча, а сигурно нема да играат Карим Адејеми и Јусуфа Мукоко.

Исто така на повреда се жали и Донјел Мален, кој треба да биде замена за Себастијан Але, кој не може да издржи да одигра цел меч, па често е менувам после 60 минути игра.

Се вчитува...