Болоња му подготвува отказ на Михајловиќ

Италијанскиот калчолигаш Болоња му подготвува отказ на шефот на стручниот штаб, Синиша Михајловиќ, пренесуваат медиумите на „чизмата“. Болоња катастрофално ја почна новата сезона и по пет одиграни кола се уште нема победа.

Тимот на Синиша Михајловиќ оствари три ремија и два порази, па српскиот стратег е на удар на јавноста и раководството на клубот. Наводно веќе се почнати преговори со кандидатите, а прв пик за оваа позиција е Пауло Соуза.

Покрај Соуза во игра се и Клаудио Раниери и Тијаго Мота.

 

Се вчитува...