Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер својата кариера ја продолжува во грчкиот гигант Панатинаикос од Атина за трансфер вреден 3,5 милиони евра!
Како што пренесува грчка „Прототема“, веќе се е договорено меѓу двата клуба за преселба на македонскиот напаѓач во редовите на грчкиот клуб кој ќе треба да му исплати отштета од 3,5 милиони евра на швајцарскиот шампион Тун.
Растодер имаше извонредна сезона во редовите на Тун со кого стигна до шампионската титула.
Грците го издвојуваат токму тоа како пресуден момент за ангажман на македонскиот офанзивец.
„Растодер изминатава сезона за Тун постигна 15 гола, а имаше и шест асистенции на 37 мечеви“ – пишуваат Грците во најава за трансферот на македонскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
