„БОМБА“: Лука Модриќ по Мундијалот се враќа во Реал Мадрид!

Капитенот на Хрватска, Лука Модриќ во моментов се наоѓа на Светското првенство 2026, откако стави крај ова лето на епизодата во Милан.

Легендарниот Давор Шукер, поранешен претседател на Хрватскиот фудбалски сојуз и близок пријател на Модриќ, пак, зборувајќи за шпанска „Марка“ околу иднината на Лука ја откри неговата нова адреса од ова лето.

„Тукушто ме прашаа каде ќе продолжи Модриќ, во Милано или Мадрид. Мислам дека нешто ќе се случи со Реал“ – вели Шукер, а потоа на директно прашање дали навистина би се вратил Лука во Мадрид, дополнува:

„Сигурно ќе се врати ова лето, но не знам во која форма. Да почекаме до крајот на Светското првенство и ќе видиме што ќе се случи. Но, секако се враќа во Реал!“

Како што стојат работите, очигледно е дека Модриќ би можел да ја заврши својата фудбалска кариера и да дојде како дел од новиот стручен штаб на клубот. Сепак, очигледно е и дека постои опција Модриќ да се врати во Реал Мадрид како играч, што природно би ги воодушевило сите навивачи.

Водителот го праша Шукер токму тоа, дали Модриќ ќе се врати во Реал Мадрид како играч или како дел од стручниот штаб, на некоја функција во спортскиот дел на клубот.

„Не можам да кажам повеќе, не можам. Остави нешто да виси во воздухот, не можам сè да кажам. Но, гарантирам дека дефинитивно ќе направи нешто со Реал Мадрид“ – рече Шукер.

Се вчитува...