„Бомба“ на Газета дело спорт: Анчелоти на клупата на „коцкестите“!?

Хрватската федерација контактирала со еден од најтрофејните италијански тренери за селекторската позиција, Карло Анчелоти, пренесува италијанскиот медиум „Газета дело спорт“. Според шпекулациите, ангажманот на екс-тренерот на Баерн би требало да биде на краток период, поточно да ги води „коцкестите“ на Светското првенство во Русија, доколку Хрватска ја совлада Грција во двомечот во баражот.

Златко Далиќ засега останува како привремена опција за Хрватска, ќе го води националниот состав во баражот, а потоа хрватската Куќа на фудбалот ќе бара решение… А, 58-годишниот италијански стратег е прв избор.

Анчелоти моментално е без клуб, откако минатиот месец доби отказ од баварскиот гигант. Засега не се брза да се впушти во нови предизвици, а со Хрватите останува само на првичен контакт, без дополнителни преговори околу плата и слично.

Се вчитува...