Швајцарската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена против Аргентина, во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство, бидејќи 20-годишниот Јохан Манзамби се уште не се опорави од повредата.
На тренинг, Манзамби го повреди коленото, а повредата е се уште доволно силна за да го спречи да се врати на теренот. Поради ова, тој го пропушти и осминафиналниот натпревар против Колумбија, во кој Швајцарците победи со 4-3 по изведување на пенали. Натпреварот против Аргентина ќе се игра во Канзас Сити, во ноќта од сабота кон недела, во 3 часот по средноевропско време.
Со три гола и две асистенции, Манзамби е најефикасниот швајцарски репрезентативец на првенството, и покрај тоа што одигра еден натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
