Фудбалската репрезентација на Шпанија е вториот полуфиналист на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, откако вечерва во четвртфиналето во интересен натпревар славеше над Белгија со 2-1.
Откако по 30 минути игра и двете репрезентации не ни понудија никакви возбудувања, шпанската армада успеа да стигне до водство од 1-0, откако по шутот на Дани Олмо и одбраната на Тибо Куртоа најдобро во противничкиот шеснаесетник се снајде Фабијан Руиз за водство од 1-0.
Spain [1] – 0 Belgium – Fabian Ruiz 30'
byu/ayoefico insoccer
До крајот на првиот дел Шпанија имаше уште неколку шанси, а откако не ги искористија сето тоа го казни Де Кетеларе кој израмни на 1-1 во 41. минута.
Spain 1 – [1] Belgium – Charles De Ketelaere 41'
byu/ayoefico insoccer
Вториот дел продолжи во истиот ритам. Избраниците на Де ла Фуенте создаваа шанси, но Белгијците успешно се бранеа, па до хидрејшн брејкот се уште на семафорот стоеја тие 1-1 од првото полувреме.
Се случи голем пех за Белгија откако Тибо Куртоа се повреди, а на негово место влезе Сене Ламенс. Токму Ламенс беше трагичар бидејќи катастрофално реагираше на ударот на Кубарси, а во целата ситуација најдобро се снајде Микел Мерино кој со погодок за 2-1 во 88. минута повторно беше таличен за Шпанија на овој шампионат.
Spain [2] – 1 Belgium – Mikel Merino 88'
byu/Alsace2025 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
