Бомба од АБА лигата: Миротиќ потпишува за Будуќност

Искусниот кошаркар Никола Миротиќ би можел да биде најголемото засилување за Будуќност во новата сезона, откако според првичните информации постигнал усмен договор со раководството на црногорскиот шампион.

Клубот од Подгорица е сериозно заинтересиран за 35-годишниот крилен центар и веќе подготвува официјална понуда за негов ангажман. Миротиќ во моментов е слободен агент по финансискиот колапс на неговиот претходен клуб, Монако. Иако во кошаркарските кулоари се шпекулираше дека тој би можел да стави крај на професионалната кариера, сепак се отвора реална можност за негово враќање во регионалната АБА-лига.

Доколку овој спектакуларен трансфер се реализира, Миротиќ во новата сезона ќе го предводи тимот на Будуќност во битките на два фронта во Еврокупот и во АБА-лигата.

Се вчитува...