„Бомба“ од Англија: Халанд потпишува со Манчестер, оди по стапките на својот татко

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Ерлин Халанд и премиерлигашот Манчестер сити постигнале договор за соработка. Норвешкиот голгетер беше поврзуван и со Реал Мадрид и со Барселона, но според британските медиуми тој ја прифатил понудата на Сити, клуб за кој своевремено три години настапуваше неговиот татко.

Борусија Дортмунд ќе заработи 75 милиони евра согласно клаузулата за продажбата на Халанд во летниот преоден рок, но вкупната вредност на трансферот ќе достигне и над 100 милиони евра, по бонусот што ќе го заработи агентот Мино Раиола. Во секој случај, трансферот ќе го чини Сити помалку од она што го бара Тотенхем за Хари Кејн (минимум 150 милиони евра).

Халанд сезонава за Борусија на 20 натпревари постигна 23 гола и имаше шест асистенции. Договорот на норвешкиот репрезентативец со клубот од Дортмунд е до 30 јуни 2024 година, но во него има клаузула што го прави достапен за трансфер за 75 милиони евра во текот на летото во 2022 година.

Се вчитува...