Бомба од Мадрид – Реал го враќа Касилјас

Икер Касилјас се враќа во Реал Мадрид. Легендарниот голман ќе се врати во клубот по пауза од пет години. Тој ќе биде советник на претседателот Флорентино Перез, а неговото точно работно место ќе биде дефинирано во следните денови.

Перез сака да го има Икер близу до себе, а поранешниот капитен на „кралевите“ без размислување ја прифатил понудата. Касилјас ја заврши професионалната кариера поради инфаркт кој го доби минатата сезона. По завршување на авантурата во Реал Мадрид, тој се пресели во поргуалскиот Порто каде и ја доживеа несреќата на еден од тренинзите.

Касилјас дел од Реал Мадрид беше 16 години во кои за „кралскиот клуб“ забележа вкупно 510 настапи, а три пати ја освојуваше Лигата на шампионите. Како капитен на репрезентацијата на Шпанија во 2010 година во Јужна Африка го донесе првиот и единствен трофеј досега за „црвената фурија“ на Светските првенства.

Се вчитува...