Бомба од Шпанија – Лутиот и заситен Меси ја напушта Барселона!?

Лионел Меси ги прекинал преговорите со Барселона околу продолжување на договорот, пренесуваат шпанските медиуми. Актуелниот договор на Аргентинецот со Каталонците е до крајот на 2021 година, но според медиумите во Шпанија најдобриот фудбалер во историјата на клубот е цврсто одлучен да го напушти „Камп Ноу“ по 20 години.

„Меси е огорчен околу ситуацијата во клубот и на сите можни нивоа е заситен. Одлучи да ги прекине преговорите околу продолжување на договорот и ќе одигра уште само една сезона, колку да го испочитува актуелниот договор до крај, а потоа ќе замине. Лут е и заситен. Не сака повеќе да биде ‘проблем’ во клубот, и дежурен виновник за се“, објавено е во емисијата „Ларгуеро“. 

Тој најмногу е лут на раководството на клубот бидејќи константно протекуваат информации кои, според него, треба да останат тајна.

 

Се вчитува...