Долго време американските медиуми пишуваа за можното заминување на Јанис Адетокумбо од Милвоки Бакс, а сега тоа се случи. Еден од најдобрите играчи во историјата на франшизата оди во Мајами, објавува официјалната веб-страница на НБА.
Хит ги добија Јанис и Боби Портис во оваа размена, а испратија четири играчи во Милвоки. Тајлер Херо, Келел Вер, Хаиме Жакес Џуниор и Каспарас Јакучионис ќе станат нови играчи на Бакс, кои, го добија и 13-тиот пик на претстојниот драфт, како и два пика од првата рунда на драфтот во 2031 и 2033 година, во кои ќе имаат и право на пик од втората рунда на Хит.
Овој потег јасно става до знаење дека Бакс почнаа со обнова на тимот. Тимот од Милвоки го доби 10-тиот избор по лотаријата, а сега по размената го имаат 13-тиот избор.
Јанис пристигна во Бакс во 2013 година, кога беше избран на драфтот како 15-ти избор во првата рунда. Оттогаш, Гркот остави неизбришлива трага, откако двапати ја освои наградата за најкорисен играч (МВП), а ја има и наградата за МВП на финалето, откако во 2021 година, им ја донесе на Бакс првата титула по пауза од 50 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
