Борче Христов не е повеќе дел од репрезентацијата, Седлоски ќе именува нов асистент

Искусниот стратег Борче Христов нема повеќе да биде помошник во стручниот штаб на македонската репрезентација, информираше денеснака селекторот Гоце Седлоски, на брифингот со домашните медиуми.

Седлоски информираше дека на местото на Христов ќе пристигнат двајца нови членови во стручниот штаб на националниот тим.

„Ќе има промени во стручниот штаб, Борче продолжува во Пелистер, а имињата на новите двајца членови ќе ги објавам на официјалниот прес пред собирот“, изјави Седлоски.

Според информациите, нов помошник во стручниот штаб на Седлоски ќе биде Бобан Грнчаров.

Христов од летово е на клупата на Пелистер во желбата да му помогне на битолскиот клуб да се врати во македонската фудбалска елита. Па, сега сега целосно ќе се посвети на клупските обврски, поради што се повлекува од националниот тим каде ќе има освежување во стручниот штаб.

Се вчитува...