Борец со првиот шут ја затресе мрежата на Вардар (ВИДЕО)

Борец води на арената „Тодор Проески“ против Вардар уште од самиот старт на мечот. По седумдесетина секунди од воведниот меч во новата сезона во Првата лига, велешкиот тим поведе со 0-1 со голот на Никола Радовиќ.

Фернандо одлично го проигра, упати топка зад стоперите на Вардар, Радовиќ ја прифати топката и го надмудри голманот Филип Илиќ за стартно водство на гостите.

Се вчитува...