Борна Чориќ го победи коронавирусот

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го победи коронавирусот. Хрватот се зарази на „Адриа тур“ откако беше откриено дека Григор Димитров е позитивен на Ковид-19.

Имено, Чориќ потврди дека по три седмици самоизолација е негативен на коронавирус и дека продолжува со подготовките за рестартот на тениската сезона.

„Немам корона и среќен сум што сум повторно на теренот. Добро е чувството повторно да се тренира на отворено“, напиша Чориќ. 

 

 

View this post on Instagram

 

I’m corona-free and happy to be back on the court! It feels good to practice outdoors again ☀️

A post shared by Borna Coric (@bornacoric) on

Се вчитува...